Свет

Откриени 20-те компании виновни за една третина од загадувањето со јаглерод диоксид

Британски The Guardian денеска откри кои се 20-те компании кои работат со фосилни горива и чија безмилосна експлоатација на резервите нафта, гас и јаглен е директно поврзана со повеќе од една третина од испуштените штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина во поново време.

Најновите податови на светски познати истражувачи покажаа дека оваа група државни и мултинационални компании се главни виновници за климатската вонредна состојба што се заканува на човештвото.

Анализата на Ричард Хиде од американскиот Институт за климатска одгвоорност (Climate Accountability Institute), водечка институција за проучување на улогата на големите нафтени компании во ескалацијата на климатските промени и последици, покажа дека овие компании се одговорни за загадувањето со јаглерод диоксид од 1965 година наваму и дека со тоа биле запознаени и големите лидери во индустријата и политичарите.

Овие 20 компании придонесуваат со 35% во загадувањето со јаглерод диоксид и метан поврзано со енергетика и од 1965 година наваму произвеле еквивалент на 480 милијарди тони јаглерод диоксид (GtCO2e).

Меѓу идентификуваните компании се Chevron, Exxon, BP и Shell, како и државните компании Aramco од Саудиска Арабија и руски Gazprom.

Тагови

Поврзани вести