Македонија

Откако власта брутално ги нападна фирмите за зголемувањети на цените на лебот од утринава во маркетите не беше дистрибуиран леб

Утринава во маркетите не беше дистрибуиран леб, пекарите вчера го најавија ваквиот потег.

Откако поставената Влада брутално ги нападна производителите на леб во Македонија и ги нарече крадци кој се богатат во криза, денеска тие стапија во штрајк.

Оние кои последните години се виновни за се што се случува, како енормните покачувања на енергенсите и останатите даноци кон државата вчера се обидоа со спин и префрлање на вината својствена за шарената револуција да ја обвинат најмалку виновната страна за виновна, како и за се останато во годините наназат.

На рафтовите има само од старите залихи на леб и тоа од специјалните видови.

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а зашто не ја замрзна цената на енергенсите туку енормно ја зголеми со пропаганда на небулозни оправданија.

Владата пресметала дека дел од поскапувањата се неоправдани, а како аргумент плус го наведоа и тоа што ист леб се продава по драстично различни цени низ земјава – од 28 до над 45 денари. Освен замрзнувањето на цената на лебот, владата ја укина и субвенционираната струја за прехранбената индустрија.

Тагови

Поврзани вести