Македонија
Основците од денеска без маски на училиште, а ФДА пак оди со препорака дури и за петта доза
Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски што претставува небулоза и нема никакво логичко или научно објаснување за оваа мерка, како што немаше ни за една досега превземена мерка.
Покрај ова Владата реши и да започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус ковид-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание од еден до два метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.
Влада одобри и да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.
Се укинува и обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори, како задолжително поседување сертификат или потврда за извршена имунизација, односно примени две дози на вакцина против Ковид-19 или за прележан ковид-19 во последните 180 дена, за посета на угостителски објекти на отворено. Во исто време иако нема никаква логика, за затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.
Владината одлука доаѓа во услови кога, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март, продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализирани од ковид-19. Во 94,7 отсто од испитуваните примероци е потврден омикрон „стелт“ сојот, кој доминира во земјава, додека во 5,3 отсто од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на омикрон.
САД
Во меѓувреме здружението “Американската Агенција за храна и лекови (ФДА)” одобри уште една засилувачка доза на вакцините против ковид-19 од производителите „Фајзер“ или „Модерна“ за лица над 50-годишна возраст.
Тоа значи дека лицата од оваа возрасна група ќе можат да примат вакцина најмалку четири месеци по нивното ревакцинирање со третата доза.
Досега, ФДА дозволуваше четвртата доза само за лица над 12 години кои имаат сериозно ослабен имунолошки систем. Агенцијата и покрај докажаната неефикасност соопшти и дека оваа „особено кревка група“ може да добие и дополнителен засилувач – петта доза. Ќе има ли краи на ова лудило, четири дози не биле доволни, петата ќе помогнела!