Македонија
Органското производство неискористена шанса за земјоделците
Македонија е мал производител на храна со расцепкани земјоделски стопанства, за да може да биде значаен фактор на глобалниот пазар.
Меѓутоа, огромни пространства со недопрена природа како Мариово и други региони, се голем потенцијал за органско производство кое е многу барано и добро платено во странство, а кај нас постепено се пробива како нутритивна можност за здрава исхрана.
На овој план заостануваме зад другите држави, најмногу поарди неинформираност и недоволни претпоставки од институциите. Ова беше речено на денешното предавање “Како да се сертифицираат производите за да бидат органски“, што го организираше едукативното здружение “Зелена берза“.
-Доцниме затоа што информациите слабо циркулираат. Од друга страна, нашиот земјоделец е долго време измачуван од разни проблеми, од откупни цени и ред други проблеми, така што, реално нема можност за правилно да размислува и да дојде до сигурни иформации за да научи што е тоа органско производство- рече Горан Колев, претставник на сертификациското тело “Процерт контрола“.- има одредени потешкоти, меѓутоа мислам дека луѓето не се доволно информирани и ако се повеќе информирани и ако добијат поголема информација, за нив ќе биде полесно- рече Валнетина
Соколовска, претседател на Здружението за едукација на земјоделците “Зелене берза“.
Бидејќи денешниот настан организаторите го замислија како спој помеѓу органското производство и традиционалната храна, покрај креативните аранжмани на вештите жени, можеше да се чујат и мислења дека странците сакаат ваква храна.
-Ќе дојдат странски дипломати и ние правиме зелници, тикварник и други јадења- рече Вера Колевска од с. Новаци.- Туристите го обожаваат македонското традиционално јадење, посебно тавче- графче или полнети пиперки, а за нашиот народ тоа е секојдневно- рече Александра Печалева од Битола.
Производителите на органско производство, барем оние што се пионери во оваа област, велат дека тоа може да биде исплатливо, но бара многу труд и високи стандарди.
-Како што гледавме дека се бара мед, почнавме да го прошируваме шчеларникот и сега имаме 350 семејства. Работиме органски на повеќе локации, с`е околу Пелистер- рече Благој Јовчевски, пчелар од с. Дихово.- Ова е една техника и технологија за која треба многу време за да се изработи. Значи, биеното сирење е едно од најтешките сирења што можат да се произведат- рече Мирче Даскалоски од с. Долно Коњари, Прилеско.
Дали и колку Македонија ќе може да биде фактор во органското производство, ќе зависи од многу претпоставки- покрај едукацијата, потребни се јасни и доследни критериуми за сертифицирање, сериозни контроли на квалитет и окрупнување, како единствена шанса за влез на глобалната агро- берза, што барем засега ги немаме.