ВестиМакедонија
ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО И ЕКО ТУРИЗМОТ АДУТИ ЗА РАЗВОЈ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Во организација на здружението “ Еко Партнерс “ по втор пат се организираше манифестацијата “Ден на органското производство и Форум за Еко туризам преку регионални практики . “
На форумот се преставија голем број на производители на органско производство, туристички работници чии фокус е руралниот туризам и беа презентирани домашните и регионалните искуства на ова поле . Македонија има идеалните услови за развој на Руралниот туризам беа во фокусот на презентацијата од д-р Дејан Методијески од Факултетот за Туризам при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
„Македонија има идеални услови за генерирање на голем број на зелени туристи кои ја препознаваат Македонија како неоткриена еко туристичка дестинација, но за да можеме вистински да имаме приход од овој тип на туризам потребно е да го подготвиме локалното население. Еко туризмот и Агри туризмот овозможуваат директен финансиски инпакт на локалните заедници, создавање на микро и фамилијарни бизниси, намалување на миграцијата и нови зелени работни места поврзани со туризмот додаде Методјески “.
Регионалните практики на ова поле се испрезентираа од м-р Дијана Катица гостин од Хрватска,која е добитник на награда Туристички Оскар во друштво на 12 земји во Југоистична Европа кој ја доделува Sacen International –мегународен центар за развој на туризмот. Руралниот и еко туризмот во Република Хрватска има значаен удел во економијата преку бројни примери на успешни приказни и поддршка од државата за развој на оваа многу специфична туристичка понуда. Влијанието на оваа туристичка форма допринесува врз локалниот економски развој креирајки нови работни места ,а Македонија има идеални услови за развој на ова поле додаде Дијана Катица.
Ден на органското произвотство и форум за еко туризам преку регионални практики е одлична можност на едно место да се споделат искуствата, изложат органските производи и испрезентираат практиките во руралниот туризам. Вмрежувањето на органските производители на едно место и приближување на регионалните практики ќе овозможи продолжување на
растот на ова произвдство и еко туризмот со дополнителен финансиски импакт и зајакнување на локалниот економски развој,намалување на миграцијата и голем број на нови вработувања пред се на локалното население.
Презентирање на региналните практики во органско производство и потребата за европските пазари како и моменталните состојби во Македонија беше испрезентирана од Габриела Митрикеска -Swiss Contact која ги охрабри органските производители за вмрежување,нови можности ,идеи и заеднички извоз на европскиот пазар.
Здружение на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност
Форумот и оваа година е поддржан од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и посетен од голем број на посетители кои покрај споделените искуства можеа и да дегустираат голем број на домашни органски производи.