Вести
Општински камиони растовараат смет на диви депонии
Општински камиони растовараат ѓубре на диви депонии. „Уловено“ е возило во сопственост на Шуто Оризари кое истовари шут во близина на селото Визбегово.
Граѓаните се жалат. Велат дека наместо надлежните да ги расчистат тие придонесуваат за полнење на депониите.
Оваа дива депонија е само една од десетиците кои ги има на територијата на главниот град. На нив најчесто има градежен шут, кабли, гуми, кеси и секако неподонослива реа.
Град Скопје се прогласува ненадлежен. Тие биле под ингеренции на општините.
Дивите депонии претставуваат и опасност за пожар. Таков беше случајот и минатата недела кога изгоре ѓубрето зад спортскиот центар Борис Трајковски. Општина Карпош дури сега најавува акција за нејзино чистење.