Македонија
Општина Гази Баба почнува со еко-патроли
По големиот број на реакции и барања од страна на граѓаните на општина Гази Баба, вечерва, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со инспекциската слуба на општината излезе на терен во обилка на дивата депонија Вардариште.

Оваа еко-патрола од вечерва ќе функционира на територија на општина Гази Баба, односно инспекциските служби од вечерва ќе бидат на терен и во попладневните и вечерните часови со цел спречување и санкционирање на загадувањето на животната средина.
