Македонија

Општина Битола почна со доделување средства за инвертер клима уреди

Комисија на Општина Битола евидентира 290 апликации и одобри финансиски средства за 190 битолски семејства кои ги исполнуваат условите од јавниот повик за надомест на трошоци за купување на клима уред инвертер.

Од Општина Битола информираат дека со јавниот повик биле обезбедени 2,5 милиони денари, а од пристигнатите 290 апликации само 190 ќе може да ја користат општинската помош.

–Обезбдените финансиски средства се за стимулирање на граѓаните да користат обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови бидејќи тие минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени. Средствата се доделени на апликантите врз основа на нивното исполнување на условите наведени во јавниот повик, информираат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Локалната самоуправа претходно исплати 500.000 денари за апликанти кои користат греење со печки на пелети, односно за период од две години за подобрување на условите во животната средина Општина Битола вложи осум милиони денари.

Тагови

Поврзани вести