Свет
ОН: Светот би можел да се соочи со глад кој ќе трае со години
Војната,санкциите и мерките на затварање можат да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите Нации.
Генералниот секретар Антонио Гутереш рече дека војната ја влошила несигурноста на храната во посиромашните земји поради зголемените цени и предупреди дека светот може да се соочи со глад кој ќе трае со години доколку украинскиот извоз не се врати на предвоените нивоа.
Конфликтот го прекина извозот од украинските пристаништа, кои порано извезуваа огромни количини сончогледово масло, како и житарки како пченка и пченица.
Ова ја намали глобалната понуда и предизвика пораст на цените. Според ОН, глобалните цени на храната се за речиси 30 отсто повисоки од истиот период минатата година.
Говорејќи во Њујорк во средата, Гутереш рече дека конфликтот „се заканува да одведе десетици милиони луѓе преку работ и да предизвика недостиг на храна придружен со неухранетост и масовно гладување“.