Живот
ОН: Албанија со помалку од еден милион жители до крајот на векот

Албанија ја доживува најголемата демографска криза во регионот, со 1,7 милиони луѓе или 37% помалку жители во последните три децении, се наведува во истаржувањето на Обединетите Нации.
Извештајот на ОН наведува дека се очекува дека од нација од скоро три милиони жители Албанија ќе биде со помалку од еден милион до крајот на векот.
После Албанија, Македонија е исто така во многу лоша демографска ситуација каде една четвртина од населението се има иселено од почетокот на деведесетите години.
Босна и Херцеговина е ист во незавидна полижба и најтешка во регионот, а Косово е рекордер каде 15% од населението се исселило во период од 2007 до 2018 година.
Очигледно е дека по 90тите години регионот се соочува со демографска криза и истражувањето на ОН го потврдува тоа, кој и што е виновен за тоа може сами да заклучите со оглед на менувањето на системите во овие држави пред триесет години.