Македонија
Онлајн дебати, собирање отпад и совети за рекреативци по повод Светскиот ден на планината

– Федерацијата за планинарство на Северна Македонија и оваа година традиционално го одбележува 11 Декември, Светскиот ден на планината.
Поради корона ситуацијата, Денот ќе се одбележи поинаку, со организирање неколку настани од денеска до 13 декември 2020 година.
„Како да работиме заедно за развој на планинарењето“ е темата на онлајн дебатата закажана за денеска напладне по што ќе следува презентирање видео материјали од активностите на комисиите во Федерацијата.
Утре е Ден за екологија. Планинарските клубови ќе собираат отпад на планинарски патеки или планинарски места при нивното рекреативно планинарење во мали групи. Недела, 13 декември, ќе биде Ден за едукација. Како што е предвидено, планинарските водичи во неколку места, Тетово, Скопје, Куманово…, ќе даваат совети на посетители-рекреативци за планинарење.