Свет

Олимпискиот шампион уапсен додека протестирал за екологија

Олимпискиот шампион во кану Етиен Стот е еден од уапсените во Лондон откако протестирал против климатските промени. Тој на протестот, како што пренесоа британските медиуми извикувал „еколошка криза“, а пред тоа одржал говор од покривот на еден автобус.

Полицијата за време на викендот уапсила 963 лица заради протестирање поради климатските промени, а против 40 од нив се поднесени пријави.

  • Протестите се многу важни. Мислам дека не постои ништо поважно што треба да работиме, изјави меѓу останатото Стот на протестите.

Етиен заедно со Ватело Бриџ освои златен медал во кану двосед на Олимписките игри во Лондон 2012 година.

Тагови

Поврзани вести