Македонија

Октомври, а пожарите не запираат: 46 пожари за само едно деноноќие во Македонија

За само 24 часа во Македонија избувнале 46 пожари на отворено, седум сè уште се активни

Во периодот од 5 до 6 октомври во Македонија се регистрирани дури 46 пожари на отворен простор, покажуваат утринските податоци на Центарот за управување со кризи. До 7:30 часот, 38 пожари биле изгаснати, еден ставен под контрола, а седум останале активни. TV21.mk
Еден од активните пожари е во Дебар, на потегот „Над Боровите“, со краци кон Татар Елевци и Кораб и кон Бањиште, каде што гори нискостеблеста вегетација. Активни пожари се регистрирани во вкупно седум општини. TV21.mk
Бројката од 46 пожари за едно деноноќие е особено впечатлива за почетокот на октомври и повторно го отвора прашањето за палењето стрништа, сува вегетација и отпад на отворено.

Тагови

Поврзани вести