Македонија

Околу Аквадуктот се собрани 50 кубни метри отпад, никој не ги гони сторителите

Наместо убаво уреден простор, табли, туристички водичи, многу ѓубре има кај скопскиот Аквадукт, стар многу векови, а изграден за да го снабдува населението со вода. Комунална хигиена се зафати да го расчисти тој простор и, како што информираат, во акцијата се собрани 50 кубни метри отпад.

Станува збор за градежен, кабаст и мешан комунален отпад кои биле подигнати и транспортирани минатата недела околу Аквадуктот.

Како што информира Јавното претпријатие Комунална хигиена, нивните екипи во координација со Град Скопје реализираа активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт.

Никакви казни или мерки да се пронајдат сторителите на ова дело не се превземени од одговорните!

Тагови

Поврзани вести