Свет
Океанот исфрли 17 угинати делфини на брегот на Маурициус (ВИДЕО)
Индискиот океан исфрли 17 мртви делфини на брегот на Маурициус, потврдија официјалните лица за Ројтерс.
Несреќата се случила еден месец откако се истури нафта од заринкан јапонски танкер, што предизвика голема еколошка катастрофа во оваа област.
Министерството за риболов објави дека мртвите делфини имале рани и крв околу вилиците, но дека немало траги од нафта. Оние што преживеале, а имало околу десет такви, изгледале многу уморни и едвај можеле да пливаат.
Мртвите делфини биле пренесени во Албион, центар за истражување на риби за обдукција.
Портпарол на групата за животна средина „Еко-суд“ од Маурициус повика на јавна објава на резултатите од обдукцијата. Таа исто така изјави дека групата сака да присуствува на обдукцијата со цел подобро да разбере зошто делфините починале, но дека таа сè уште чека на одговор од надлежните.
Јапонски брод „М. В. Вакашио “се распадна во водите на Маурициус на 25 јули, а излевањето на нафтата се случи околу една недела подоцна.
Последиците од излевањето на нафтата сè уште не можат целосно да се видат, тврдат научниците и оваа еколошка катастрофа може со децении да влијае на Маурициус и неговата економија зависна од туризмот.