ЕКО бизнис
Од 2017 година досега се преработени над 2 илјади килограми отпадно масло
Бројот на домаќинствата, кои се дел од еко-хуманитарната платформа #рециклирајидонирај, континуирано се зголемува.
Од почетокот на проектот во средината на 2017 година досега се собрани и рециклирани над 20.900 килограми отпадно масло од домаќинствата. Граѓаните кои се дел од еколошкиот систем, исто така, донираа над 2.200 литри на сончогледово масло до социјално загрозени семејства преку „Вистински дела на љубезност“.
Во периодот 2009-2022 година преку нашиот систем за управување со отпад се преработени над 6.000 тони или 6.000.000 килограми на отпадни масла и масти од растително потекло од прехранбената индустрија и домаќинствата.
Секоја капка отпадно масло се загрева, третира и филтрира за потоа да се извезе како еко-суровина за производство на зелено гориво – биодизел, пренесува Вечер.