Вести
Од 1. декември забрана за употреба на пластични кеси, 550 работници би можеле да останат без работа
Од 1 декември, согласно законот кој се очекува да стапи на сила за забрана за употреба пластични кеси, 550 работници во земјава ризикуваат да останат без работа. Производителите на пластични кеси велат дека тие не ги задоволуваат стандардите кои се бараат да бидат исполнети за толку кратко време. Зуркан Јусуфи, вели дека државата им дала рок само два месеца.
-Ова е неспорно. Во моментов со овој закон ние треба да ги затвориме фабриките. Станува збор за 28 фабрики со околу 550 работници. Директно сме инволвирани, но и индиректно бидејќи набавуваме различни материјали-вели Јусуфи.
Јусуфи вели дека тие не се подготвени за производство на биокеси, додавајќи дека приспособување на машината бара повеќе време.
-90% од компаниите се занимаваат само со производство на пластични кеси, односно само 10% се занимаваат со друго производство. Македонија не е подготвена за производство на био кеси. Прво, за временски рок од два месеца не можеме да ја прилагодиме машината, тоа бара долго време. Но, и доколку успееме да ја прилагодиме на технологијата, ние не можеме да се снабдиме со материјалот, бидејќи сме мала држава, а потрошувачката е премала-вели Јусуфи.
Став по ова прашање побаравме и од Министерството за животна средина. Од таму ни рекоа дека компаниите имале време да ја организираат работата, бидејќи законите се донесени навреме.
-Новите закони беа изготвувани долго време и со многу консултации, така што компаниите имаа доволно време да го испланираат и прилагодат производството согласно најновите стандарди-велат од министерството за животна средина.
Производителите во нивната суровина користат и рециклирачки материјал.
Инаку, со забраната за употреба ластични кеси, 28 компании ќе бидат принудени да ја стопираат нивната работа.
Превземено тв21