ВестиМакедонија
Промени во оданочувањето возила со повисок еко стандард
Помалку загадува помали даноци ќе плаќа.
Ова е новиот принцип по кој ќе се оданочуваат автомобилите при увоз, што практично значи дека бензинците како помали загадувачи ќе бидат со помали давачки а за дизелашите ќе се плаќа двојно поголем данок.
По нова година за возила со вредност до 10 илјади евра данокот ќе се пресметува според емисијата на ЦО2 што ја испушта во животната средина. Ваквиот принцип на оданочување стои во уредбата која е дел од законот за моторни возила според која се воведува оданочување според еколошката категорија.
Само како пример ако се споредат давачките за автомобили до 10 илјади евра кои имаат емисија на ЦО2 од 130 грама на километар ако се со бензински мотор данокот ќе изнесува 6500 денари а ако се со дизел мотор данокот ќе биде 13 илјади денари што е двојно повеќе.. Со уредбата се предвидува и враќање на данок кон компаниите кои имаат основна дејност превоз на патници или транспорт. На таксистите и транспортерите државата ќе им пресмета 25% помал данокот а ако земе автомобил со повеќе од 7 седишта тогаш данокот ќе биде уште помал . За автомобили над 120 илјади евра даноци се зголемуваат во просек за дополнителни 1000 евра.
Усвоена е уредбата со која се зголемува прагот од досегашните 45 на 90 евра за ослободување од царина. Овој праг во земјите од европската унија изнесува 150 евра и со последната уредба се приближуваме кон препораките на европската комисија за купувањето преку интернет од странство но останува по старо долната граница од само 20 евра во која спаѓаат малите пратки за кои не се наплаќа ниту царина ниту данок. Според старите правила останува внесувањето на работи преку граница од странство и за се што е до 350 евра нема да се пресметува царински давачки. Според најновите податоци онлајн купувањето во Македонија во 2019 година бележи пораст од 14%.