Македонија
Од утре, Недела 21.03.2020 полициски час од 21:00 до 06:00
Владата воведе полициски час. Стапува во сила од утре, а се однесува на периодот од 21:00 – 06:00 часот, соопшти на вонредна прес конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски.
Како што кажа Спасовски, од радикалната мерка исклучок се лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица на дијализа (во придружба од најмногу две лица).
Оправданоста на излегувањето од дома ќе се проверува преку увид во медицинската документација од извршениот преглед.
Дежурства со ограничен број на возила ќе треба да воведат такси компаниите, а ќе имаат право да превезуваат патници само до амбуланта или аптека.
Спасовски одлуката за полициски час, ја објави и на својот твитер профил.