Живот

Од топлото се деформирала дел од пруга во Хрватска

Многу високите температури изминатите денови деформираа дел од пругата на релација Оштарије – Книн – Сплит, но штетата набргу беше санирана.

 

Работниците на хрватските железници веднаш излегоа на терен. Додека пругата се санира, патниците се превезуваа со автобуси.

По неколкучасовна работа, делницата повторно беше пуштена за сообраќај.

Тагови

Поврзани вести