Свет

Од теорија на заговор до вистина: Швеѓаните измислија чип со ковид –потврда, вградена под кожата

Шведскиот стартап Epicenter дизајнирал чип со кој може да се носи сертификатот за ковид под кожа.

Чипот може да се чита од кој било уред со помош на NFC-модулот (Near Field Communication), технологија што се користи за бесконтактни плаќања и, на пример, отклучување на вратите без клуч.

„Чиповите се многу приспособлива технологија што може да се користи за различни работи, а во моментов е многу погодно да се има сертификат за ковид кој е секогаш достапен“, рече директорот на „Епицентар“, Ханес Сјоблад.

Сјоблад покажал дека микрочипот е со големина на зрно ориз и е вграден под кожата или во раката помеѓу палецот и показалецот.

Чиповите се користат од вработените во Епицентар од 2015 година.

Тие го олеснуваат отворањето на вратите, купувањето итн. и повеќе не им требаат посебни лични карти на работното место.

Тагови

Поврзани вести