Македонија
Од медицинско училиште “Јован Калаузи”-Битола направија еко акција, еве што се најдоа
Професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска, заедно со дечките од нејзиниот клас во средното медицинско училиште “Јован Калаузи” oд Битола направија еко акција во која го чистеа просторот позади новиот пазар во Битола.
„Се собравме околу 60 луѓе. Winners!!!!! Не ми се веруваше искрено, сите со максимум мотивација за работа. Исчистивме голем дел од ѓубрето. Втора 6 на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои не гледаа како да сме вонземјани. Дојдоа од правен факултет, од другите класови каде што предавам, од Геосфера, класниот Мите со цел еден клас од горната гимназија, од млади хуманисти, од театар итн. Од нас за нас. “, напиша на Фејсбук професорката Марија-Магдалена Петковска Микаровска.
Дарче најде 100 ден во депонијата и ни ги донира да си докупиме вреќи бидејќи не ни стигнаа. Најдовме стар мебел од некој труп трупосан шо сакал да си реновира дома, а да не плати камион да му го земи сметот и да го однеси во депонија. Па, си решил да направи депонија. Не се секирај друже средивме се, релакс ти не се напнувај децата скоцкаа се. Друг пат викни не совреме. Најдовме шприцови, метадонче, умрен зајак, телевизорчиња, чевли, алишта, документи на Снекии од фирмата, се’ фала Богу една куќа да си суредиме од А до Ш.
Пазарџиите најхит. Не мрднаа една рака да стават. Како не се засрамија, од тоа место го вадат лебот. Дури и нормално се потрудија да не обесхрабрат, џабе ви е, а овие моите им викаат, џабе ви е вас шо мислите дека ќе не убедите дека ни е џабе. Тука заврши муабетот.
Наредна недела пак тука ќе работиме. Ќе ни требаат повеќе од 60 луѓе, дефинитивно. Ќе ни треба камион од Комуналец, исто. Тоа ќе го договориме. Хотел Битола надлежните сакам да ги прашам дали се со намера да си исчистат или ќе чекаат од нас? Оти за резил сте!
После ова апелираме:
Казни , казни и само казни, сериозно казнување на секој кој смета дека шутот од дома можи да се фрла во ливада. Редовна патрола на одговорни горе кај пазарот. ОВА Е ПРЕБИТНО! ПОСТАВУВАЊЕ НА КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ НА СЕКОИ 30 МЕТРИ И СЕКОЈДЕВНА ПАТРОЛА ОД КОМУНАЛЕЦ ДА СЕ ПРАЗНАТ ИСТИТЕ!
ДЕНЕС ДЕЦАТА ДОБИЈА ГОЛЕМА БИТКА! ЗА ЖАЛ ИМАШЕ ПОВЕЌЕ УЧЕНИЦИ ОД ВОЗРАСНИ, А НИЕ ТРЕБАШЕ ДА ИМ СМЕ ПРИМЕРОТ 🙄🤯
Спешл благодариме до:
-Noah Dragan Stevanovski и Zlatko Pasa не само што не најадоа, туку и до горе ни го донесоа јадењето
-Bimilk и Irena Matea за донацијата со еден пакет сокчиња
– Aleksandar TaLevski ака Крт и Скопска кои ни донесоа вода да се освежиме
– Добри вибрации и Kiril Chipsi ни купија вреќи и гребла
– Еден скромен дечко со уште една тура вреќи
– Класнето со 1000ка од класниот час за овај месец за нараквици и вреќи 😂
Ништо не остана, така да пак ќе ни треба некоја метла, мнооооогу вреќи и волонтери за наредна недела 😂🙄💕🙏