Свет

Од изолација во природа: Туристичките локации во Кина преполни со луѓе

По укинувањето на забраната за движење луѓето во Кина се собраа на популарните туристички локации, во текот на празничниот викенд и покрај предупредувањата на здравствените власти дека пандемијата на коронавирусот не е завршена.

Медиумите во Кина објавија фотографии од Планинскиот парк Хуангшан во провинцијата Анхуи. На 4 април, во саботата, илјадници луѓе од кои многумина со маски на лицата, жедни за свеж воздух по месеците изолација и рестрикции на движење, излегоа од домовите.

Според локалните власти, паркот го достигнал капацитетот на посетителите од 20.000 луѓе. Бруталното враќање на „нормалниот“ живот следува по повеќе од 3 месеци по првата детекција на вирусот во Вухан. Од таму започна епидемијата која прерасна во пандемија во која се заразени над милион луѓе.

Во Кина се регистрирани 82.641 заболени и 3.335 смртни случаи. Според кинескиот епидемиолог Зенг Гуанг од Кинескиот Центар за контрола и превенција од болести, сè уште не се гледа крајот на епидемијата во Кина.

„Кина не е близу крајот, но влезе во нова фаза. Според глобалниот епидемиолошки ранг, Кина сè уште не го достигнала крајот“, смета тој.

Тагови

Поврзани вести