Македонија
Од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно
Изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат -изјави директорот на ЈСП Иван Илиевски на денешната проверка што ја изврши заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б). За градоначалничката Арсовска жичницата е неопходност за скопјани.
-Долго време жичницата не функционираше, но веќе од денеска сите граѓани повторно можат да ја користат. Воедно пуштени се и трите автобуски линии до Средно Водно – истакна градоначалничката на Скопје.