Македонија
Одговорност за пожарот во Тетово префрлена на кабел?!
Запален продолжен кабел бил причината за избивањето на катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово.
Причина за првичниот оган кој потоа предизвика катастрофа било приклучувањето на дефибрилатор (уред кој предизвикува силен струен удар за реанимација на пациенти) преку продолжен кабел. Веројатно продолжниот кабел бил со послаб капацитет а дефибрилаторот влечел голема количина струја и кабелот едноставно се запалил. Огнот избил во штеќерот каде што бил приклучен кабелот. Потоа, големата количина на кислород во воздухот си го сторил своето. Од иницијалниот оган пожарот брзо го зафатил целиот објект. Покрај дефрбрилаторот на истиот продолжен кабел бил приклучен и полнач за мобилен телефон и уште еден уред.
Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон?
Модуларните болници се правени според високи стандарди и такви се во целиот свет, уште еднаш порача денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата, на која соопшти дека не ги прифати оставките на Филипче и Хасани, при тоа не објасни како може висок стандард да изгори за неполна минута.
„Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница? Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери“, истакна Заев без ронка одговорност.