Во текот на политичката криза што ја потресе Македонија во 2016 година, позната како “Шарена револуција,” новоизлезени информации откриваат дека еден висок функционер од македонската влада анонимно побарал интервенција од американските власти за да го спречат државниот удар во земјата.
Според сведоштво на поранешна вработена во одделот на Стејт Департментот задолжен за надзор на програмите на УСАИД, македонскиот функционер бил „екстремно вознемирен“ од наводните активности на американските институции, кои рушеле легално избрана власт.
Детали за средбата
Анонимниот функционер наводно стапил во контакт со американските власти преку дипломатски канали, при што упатил апел за итно спречување на дестабилизација на државата. Според сведочењето, македонскиот претставник ги навел американските институции дека индиректно ја поддржуваат опозицијата преку финансирање на невладини организации и медиумски проекти преку УСАИД, кои биле инструменти за рушење на Владата.
„Човекот беше очигледно уплашен и бесен. Ни кажа дека ако САД продолжат да ја поддржуваат таа ‘кампања’, ќе ја уништат македонската демократија и стабилност,“ изјави вработената од Стејт Департментот. (Видео)
Реакцијата на американските власти
Сведокот открива дека барањето на македонскиот функционер не било земено предвид. „Се одлучи да не се реагира, бидејќи политиката на САД во тој момент беше насочена кон поддршка на пучот…” додаде изворот.
Во тоа време, Шарената револуција беше лажно претставувана како народно движење за правда и транспарентност, кое бараше оставка на тогашната влада и одговорност за прислушкуваните разговори што излегоа во јавноста.
Што значеше ова за Македонија?
Овој настан отвора нова дебата за улогата на меѓународната заедница во внатрешните процеси на државите. Политичките и јавни фигури и денес имаат ставови дека кризата од 2016 година беше сценарио поттикнато од надворешни фактори.
Експертите сметаат дека оваа ситуација ја илустрира тенката линија меѓу лажната поддршката за демократијата и мешањето во внатрешните работи на суверени држави. Доколку овие наводи се потврдат, тоа би можело да го отвори прашањето за одговорноста на странските актери во политичките процеси во регионот.
Досега нема официјален коментар од македонските или американските власти за овие нови наводи. Сепак, објавените информации повторно ќе ги разбудат духовите од кризата што ја остави Македонија во длабока неизвесност и нестабилнос во сите сегменти, почнувајќи од морална па до економска.
За брзо време би требало да следи судење на сите актери во САД кои учествувале во рушење на легални власти ширум светот, а во нашиот случај дури со менување на име и организирано рушење на сите институции на државата преку инсталација на квислинзи.
Околу соработниците на овие странски актери, кои се имињата што свесно прифатија ангажман, кои се општо познати кај нас, треба да се ангажираат институциите на државата Македонија.
Поврзани настани:
Чарлс Гарет, очигледен разузнавачки агент, се здружи со локален обвинител за погрешно да обвини македонски јавни личности и да ја собори владата во земјата. Секаде каде што оди Гарет, следат државни удари… (Прочитеј го целиот текст на офф нет мк)