Македонија
Огромни количини вода се слеаа во реката Драгор
По обилните врнежи од дожд и високата температура што доприносе нагло топење на снегот од Пелистер за неколку часа се слеаа огромни количини вода по сливното корито на реката Драгор, информираат од ЈП „Стрежево“.
Вработените од Стрежево, како што соопштија од претпријатието, воведуваат 24 часовно дежурство и следење на состојбата. Одржаа мини колегиум на зафатот за вода Дихово, од каде што рекоа дека се превземаат сите мерки за вакви вонредни услови.
Претходно соопштија дека акумулацијата Стрежево е подготвена да ги прифати водите од врнежите кои го зафатија регионот деновиве. Дневниот доток во акумулацијата изнесува околу 1,5 милион метри кубни вода или околу 15 m3/sec. Водите се зафаќаат од водотеците на Баба Планина преку Собирниот (Алиментационен) канал и се внесуваат во сливот на река Шемница.