Вести

Ова се 10-те највеличествени светски локации кои ќе ве воодушеват со својата уникатност

Архипелаг од 18 острови на северот од Атлантскиот океан е сместен помеѓу Норвешка и Исланд - препознатливи по кристално чистите водопади и зелените брда, се најде меѓу 10-те највеличествени светски локации.

Оваа листа е потсетник колку светот е навистина убав. Листата на порталот „Big Travel“ за 2020-та година се темели на гласовите на еден милион и половина луѓе на социјалните мрежи како и прегледување на содржините на Pinterest и Инстаграм кои што рангирале 500 различни локации.

10. Кјото, Јапонија

Некогашниот главен град на Јапонија има огромен број на будистички храмови, светилишта и градини. Убав е во текот на целата година, а особено напролет кога цветаат црешите – едноставно е волшебен.

9. Шкотските висорамнини

Поради планинските погледи, кристалните езера и дворците се сметаат за едни од најмагичните места во светот.

8. Палаван, Филипини

Ова е низа на острови кои што се опколени со неверојатни плажи и разновиден растителен и животински свет.

7. Banff, Канада

Националниот парк Банф е познат по прекрасните ливади, езера, високи шуми и изобилува со диви животни.

6. Големиот корален гребен, Австралија

Најголемиот корален гребен на светот освен што ни ги нуди некои од најубавите пејзажи на светот, тој е дом и на голем број животински видови.

5. Блед, Словенија

Целото езеро и крајот околу него изгледаат како од бајките, со особено шармантното островче во средината на кое што се наоѓа црква.

4. Реката Ли, Кина

Оваа река поминува низ разновидни краеви – од места со бамбуси до стари села поради што е сместена во едно од 10-те светски чуда.

3. Национален парк Grand Teton, САД

Сите вљубеници на планините, езерата, шармантните колиби и ѕвездено небо ќе уживаат во овој парк кој што се наоѓа во САД.

2. Фарски острови

Архипелагот од 18 острови на северот од Атлантскиот океан сместен е помеѓу Норвешка и Исланд.

1. Национален парк Torres del Paine, Чиле

Оваа година победата ја носи овој национален парк во јужниот дел на Патагонија, планинскиот ланец Кордиљери е дом на многубројни пуми и многу други животни.

Тагови

Поврзани вести