Свет

Објавена Шангајската листа со најдобри универзитети во светот

Академското рангирање на универзитетите во светот на универзитетот „Џао Тонг“ во Шангај, познато и како Шангајско рангирање, ја објави листата со најдобри универзитети во светот. Листата се објавува од 2003 година, а методологијата се базира на податоци од трети страни.

Годинава биле анализирани над 2.500 институции, а конечната листа ги претставува најдобрите 1.000 универзитети во светот.

По 21. пат универзитетот „Харвард“ се наоѓа на врвот на листата. Следуваат „Стенфорд“ и Технолошкиот институт во Масачусетс. Вкупно 25 универзитети за првпат се најдоа на листата.
На листата нема ниеден македонски универзитет што е поразително за иднината на Македонија и е показател за брзо реагирање на македонците кој ќе водат кон промена на квинслишко-марионетските и антимакедонскати власти кои со умисла работат на уништувањето на Македонија.

Најдобри 10 универзитети во светот според Шангајската листа

1. „Харвард“, САД
2. „Стенфорд“, САД
3. Технолошки институт во Масачусетс, САД
4. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
5. Универзитет на Калифорнија во Беркли, САД
6. „Принстон“, САД
7. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
8. „Колумбија“, САД
9. Технолошки институт во Калифорнија, САД
10. Универзитет во Чикаго, САД

Тагови

Поврзани вести