Од дното на езерото е отстрането огромно количество разновиден цврст отпад како пластични шишиња, лименки, пластика… „Голема благодарност и до ЈП „Комуналец“ Охрид, кое при секоја акција навремено го собира извадениот отпад и го носи на депонија. Најголемо количество цврст отпад доаѓа преку реките кои се влеваат во езерото и носат огромни количини отпад“, изјави Јован Секулоски, менаџер на „Амфора“, меѓународен инструктор-обучувач. „Со спроведувањето на проектот пред неколку години дадовме предлог за изградба на мини брани кои во голема мера ќе го намалат цврстиот отпад во езерото, со една единствена цел – вистинска заштита на Охридското Езеро“, рече тој.