– Биолошката анализа на водата покажа дека е прилично загадена со тешки метали како олово, железо, никел, цинк и други метали, како и вредни бактерии, органски животински и човечки отпадоци. Тие загадувачи се штетни за луѓето, животните, а таа вода е непогодна и за земјоделието, изјави раководителот на индиската научна група, д-р Кумар.
Во првата фаза на експериментот се користени неколку десетици литри загадена вода во која ги поставиле микробите. Резултатите говорат за намалување на бројот на бактерии и ешерихија коли за 90 отсто, на органски и неоргански соединенија (исто така за 90 отсто), како и намалување на алкалноста и тврдоста на водата (за 70 проценти).
Во втората фаза планирана за 2020 година се предвидува пречистување на повеќе од 10.000 литри вода од реката. Целта е водите да се пречистат до степен рибата таму да може да се одгледува постојано, како и искористување на методот во други загадени водни површини во светот.
Се најавува и спроведување на експериментот на места со постудена клима.