Свет
Нов Зеланд ќе ја штити природата со воведување на даноци?
Владата во Нов Зеланд одлучи да се помири со големиот број туристи, но ќе ја заштити природата со воведување на даноци.
Данокот кој ќе го плаќаат посетителите ќе се троши за обнова на инфраструктурата и за чувањето на пределите.
Од октомври за влез во земјата ќе наплаќаат по 35 новозеландски долари.
Лани имале 3.8 милиони туристи. Се очеква дека до 2025 година бројот на странски туристи ќе порасне на пет милиони.