Македонија
Нов влажен бран и нови врнежи
До крајот на денов и вечерва постепено облачноста ќе се намалува па така утре (петок) ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени додека утрото ќе биде студено со минимални температури од -3 до 5 степени.
Веќе во сабота од запад ќе има постепено зголемување на облачноста и ќе има услови за слаб локален дожд, во текот на ноќта кон недела ќе има локални врнежи од дожд претежно во западните предели на државава.
Во недела доцна попладне и навечер а особено во текот на ноќта кон понеделник, под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот врнежи од дожд ќе има насекаде низ државава.
Локално ќе има поинтензивни врнежи со што се очекува и позначително количество на воден талог, има услови и за ретка појава на грмежи.
Поради релативно високите температури, врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во државава.
Поради јужното воздушно струење, на самиот почеток од следната недела ќе биде нешто потопло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Подготви: Славчо Попоски