Свет
Ново масовно пукање во САД: Пред црква убиени три лица
Во меѓувреме, во друго пукање, ранети се две лица на гробиштата во Рејсин, Висконсин, кога напаѓачот испукал повеќе куршуми кон присутните на погребот
Маж со пиштол усмртил две жени на паркинг пред црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа извршил самоубивство, додека во друго пукање ранети се две лица на гробишта во Висконсин, пренесува Ројтерс.
Пукањето во Ајова се случило вчера, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека траела службата, кога полицајците пристигнале на лице место ги пронашле телата на тројцата починати, се вели во полициското соопштение.
Во меѓувреме, во друго пукање, ранети се две лица на гробиштата во Рејсин, Висконсин, кога напаѓачот испукал повеќе куршуми кон присутните на погребот.
Едно од повредените лица веќе е пуштено од болница, додека другото лице било префрлено во болница во Милвоки, здобивајќи се со потешки повреди, соопшти полициски функционер со напомена дека се уште се трага по напаѓачот, јавуваат тамошните медиуми.
Во САД во последните недели се случија повеќе масовни пукања, во кои се убиени 10 Афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца наставници во Тексас и двајца доктори, рецепционер и пациент во Оклахома.
Секојдневните престрелки со многу жртви во САД секако не може да бидат инцидент туку единствено добро смислена операција, што ќе се случува во иднина и какви мерки ќе се превземаат ќе ни укаже кој се организаторите и нарачателите на овие ужасни настани. Една од целите е можната одлука на државата за забрана на масовната продажба на оружје без никаква потреба од дозвола или барем документ за ментална состојба на оној кој го купува со цел поголема контрола врз граѓаните.
Вториот заклучок е сосема поинаков и е во насока на тоталниот хаос и тотална деградација на општеството кое се повеќе забегува во декаденција, неморал и погрешни вредности кои пред се се анти човечки и без никаква емпатија за околината и блиските пред се.