Вести

Новогодишни декорации од природата!

 Се разбира, секој може да купи новогодишни украси во продавница, но доколку сакате поприроден изглед оваа година, зошто да не ја искористите природата за декорација на вашиот дом.

Како што температурата се намалува и станува се постудено, се помалку сакаме да бидеме надвор па затоа можеби е добра идеја да почнете со креативна празнична декорација со материјали од природата. Внесувањето на природата во домот, може да биде и одличен начин за празнично расположение во вашиот дом.

Шишарките играат главна улога кога станува збор за природен празничен декор. Можете да ги поставите со останати природни детали или да ги обоите и да создадете модерно чувство, совршено за секоја соба во куќата. Поставете ги во убава чинија на централната маса или пак закачете ги на новогодишната елка.

Погледнете неколку природни и едноставни за креирање, но ефектни декорации.

Тагови

Поврзани вести