Култура

Новогодишните пакетчиња Леона носат радост и насмевки на детските лица

Бесценето е да се види радоста на детските лица додека ги отвораат новогодишните пакетчиња и подароци. Децата уживаат во добивањето подароци.

Лион производител на брендот ЛЕОНА, во соработка со Црвен Крст, под слоганот: “Подари пакетче, подари радост” подели радост на децата и младинците при:

ПОУ Д-р Златан Сремец

Здружение на деца со спинална мускулна атрофија

Здружение на лица со вродени срцеви малформации Q2

Здружение на деца со дисфункции, ретки болести и хендикеп “Дајте ни крилја”.

Деца од социјален ризик при с. Долно Количани.

Деца од социјален ризик при општина Сопиште.

Деца од социјален ризик при с. Патишка река.

Деца и младинци со оштетен слух при ОУ”Кузман Јосифовски-Питу”.

.Движење на родители на деца и лица со телесна попреченост НВО ПРКОС.

Здружение на слепи и лица со оштетен вид, Скопје.

Деца и младинци со оштетен вид при ОУ”Димитар Влахов”

– Со цел да ги развеселиме децата од сите локации, атмосферата беше уште поавтентична поради сите маскоти на суперхерои и забавни ликови кои предизвикаа забава и дружење со нив. И овој пат успеавме да докажеме дека невозможното, само заеднички може да стане возможно и достижно, и во време на оваа светска пандемија успеавме да предизвикаме насмевка на детските лица и солзи радосници на сите присутни. Без разлика на тоа што оваа година не беа присутни прегратките, сепак радоста беше прикажана од секој можен аспект, а тоа не мотивира да продолжиме да бидеме хумани организирајќи уште голем број вакви убави проекти кои на секој начин резултираат со успех – изјавија од Црвен Крст.

– Леона е секогаш спремна да подржи вакви хуманитарни настани. Продолжуваме со соработката и во наредната година, со честитка за Среќна Нова 2021 година – изјави директор за продажба во Лион, Икица Павловски.

Ви посакуваме добро здравје и полна душа радости!

 

Тагови

Поврзани вести