Свет
Нови мерки во Германија: Невакцинираните нема да земаат плата за одење во изолација, а вакцинираните?
Во Германија досега важеше правилото дека кој се заразил и мора да биде во карантин, добивал целосна плата. Меѓутоа, од среда, во германската провинција Баден-Виртемберг, ќе стапат на сила нови мерки така што невакцинираните граѓани, кои ако треба да бидат ставени во карантин поради коронавирусот, нема да примаат плата за тој период.
Ова не е единствената провинција што ќе го воведе ова правило, иако е прва. Според медиумите, за ова се заинтересирани и Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург-Западна Померанија.
Министерот за здравство на Баварија, Клаус Холечек, рече дека оние кои не биле вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин, додека за вакцинираните кои ќе бидат позитнивни на ковид нема никаква информација.
– Не може општеството да плаќа за нив – рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.
Објавено во vecer.press