Култура

Нова опрема во Театар Комедија, министерот за култура и полскиот амбасадор во посета на театарот

Министерот за култура Зоран Љутков и полскиот амбасадор Мариуш Бримора денеска ќе го посетат театар Комедија каде ќе извршат увид во реализацијата на проектот за набавка на опрема во оваа установа.

Во театарот се реконструираше гледалиштето со финансиски средства од Амбасадата на Полска и Министерството за култура. Амбасадата на Полска преку програмата „Полиш еид“ (‘Polish Aid) инвестираше околу два милиони денари, а Министерството за култура и туризам околу 5.200.000 денари.

– И покрај реконструкцијата, театарот ќе продолжи да работи според редовниот репертоар за ноември, а сите претстави ќе се изведуваат на Малата сцена. Оваа реконструкција се реализира со поддршка од Амбасадата на Полска, преку програмата ‘Полиш еид’ (‘Polish Aid). Се работи за сума од два милиона денари (околу 32.360 евра), како и финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија во износ од 5.200.000 денари (околу 84.000 евра)“, соопштија од Театар Комедија пред да почне реконструкцијата.

Реконструкцијата почна од 1 ноември, а требаше да опфати поставување на нови столчиња и нов под.

Тагови

Поврзани вести