Свет
Новата вакцина од Австрија штити од сите варијанти на коронавирусот
Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена, ова е слично на познатиот слоган од Македонски народни приказни "Еким... лечам од сите болести"

Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон. Ова со вакцините почна да наликува како пазарска акција на распродажба, да не ги плаќавме вакцините преку државата сигурно ќе се објавуваа и попусти и акции како што е со ПЦР тестовите во стилот купи две добиј три.
Медиуми наведуваат дека, додека постоечки генетски вакцини против Ковид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.
Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината, го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот, појасни водачот на истражувањето, Рудолф Валента, од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија.
Истражувањето, што му претходеше на развојот на вакцината, се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести. Резултатите се објавени во медицинското списание Алерџи.
Со објавувањето во научно спосание се сака да се добие на релевантност иако текстовите во истите се плаќаат и има ценовник за објава на популарно наречени ПР текстови во случајот трудови.
СЗО: Минатата недела смртноста од ковид-19 опаднала за 43 отсто
Над десет милиони лица се заразени со коронавирус минатата недела, а починале над 26.000, соопшти Светската здравствена организација. СЗО наведува дека во минатата недела смртноста од Ковид-19 е опадната за 43%
По порастот забележан во првата половина од март, бројот на нови Ковид-19 случаи веќе втора недела по ред е во пад, со 16 проценти помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април во однос на седмицата пред тоа, се наведува во извештајот на СЗО.
Во овој период вкупно имало 10.351.818 нови инфекции, и 26.285 смртни случаи.
Пад на бројот на нови случаи е забележан во сите шест глобални региони на СЗО, особено во Африка, Европа и Западен Пацифик. Падот и растот на заболените без никакво образложение повеќе личи на берзанска шпекулација од научно поткрепено сознание.