Свет
Никој нема да остане рамнодушен на езерото со необична боја
Сакис Сиваш е едно од местата што привлекува најголемо внимание на Крим – фасцинантниот полуостров на Црното Море на кој не му недостасуваат природни убавини.

Меѓу замоците, плажите, империјалните резиденции, на списокот со атракции што секој турист треба да ги посети е розовото езеро. Одвоено од Црното Море со парче земја, ова езеро е најголемо на Крим и се наоѓа на западната страна на полуостровот. Езерото ја должи својата необична боја на микроорганизмите.
Корисната сол што ја има во лековитата кал се вади од езерото стотици години и често се наоѓа на трпезите на богатите. Но, во превод, Сакис Сиваш значи смрдлива кал.
Популарноста на ова езеро значително се зголеми кога тоа се појави на социјалните мрежи. Тоа е омилено место на инфлуенсерките и на сите оние кои заработуваат пари објавувајќи на Инстаграм.