Македонија

Нивото на Охридското Езеро до просекот за април

Хидролошката состојба на Охридското Езеро, за разлика од минатото кога во овој период од годината бележеше големи осцилации, оваа пролет е добра. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро утрово е на 693,57 метри надморска височина, што е само 2 сантиметри до просекот за април.

Во добра кондиција е и Дојранското Езеро кое е еден сантиметар над априлскиот просек (142,32 м.н.в.), додека Преспанското Езеро и натаму бележи сериозен воден дефицит и е 90 сантиметри под минимумот – 844,13 м.н.в..

Тагови

Поврзани вести