Македонија
Нивоата на повеќето реки под просекот за април
И покрај влажниот бран што ја зафати земјава, нивоата на повеќето реки се под месечниот просек. покажуваат денешните хидролошки мерења.
Нешто над просекот се Дрим кај Ложани, Струмица кај Сушево и Пчиња кај Катлановска Бања.
Поголеми промени нема ниту кај езерата. Според УХМР, водостојот на Преспанското е за 12 сантиметри над апсолутниот минимум.