Едукација
Водата од приготвување на храна е корисна за растенијата
Освен што го украсуваат вашиот простор, растенијата даваат многу здравствени придобивки. Со претворање на јаглерод диоксидот во кислород го подобруваат квалитетот на воздухот, а докажано е дека присуството на растенија позитивно влијае на впечатокот и чувството што се создава кај луѓето во просторот каде што живеат.
Според Кари Несвиг, која првично го пронашла овој совет во East River Nursery, малку вода за готвење можеби е она што им треба на домашните растенија за да блеснат во полн сјај.
Изладената, преостаната вода во која сте го зготвиле зеленчукот содржи хранливи материи кои се ослободуваат од храната за време на готвењето, а во зависност од тоа што јадете, може да ги наводнете растенијата со високо ценетите фосфор, азот и калциум.
Кога готвите храна како тестенини, зеленчук, јајца или компири, многу од микронутриентите како фосфор, азот и калциум се ослободуваат во водата.
Затоа, откако водата ќе се олади, не само што ќе им обезбедите на вашите растенија фин пијалак, туку и растенијата ќе добијат и малку повеќе од потребното ѓубриво преку хранливите материи во водата, објаснува Lifehacker.
На овој начин ги намалувате трошоците за вештачките ѓубрива, а патем максимално го искористувате сето она што сте зготвиле. Во зависност од тоа колку растенија имате, може многу да заштедите.
Само не заборавајте да ја изладите водата целосно пред да ги наводнете растенијата со неа затоа што жешка вода ќе ги уништи.