ЕКО бизнисЕКО производиЗабава

Не ги оставајте старите телефони да собираат прашина – дајте им нов живот

Купивте нов мобилен телефон? Одлично! Но, што ќе направите со стариот? Најчестата судбина на старите уреди е – фиоката. Многумина ги чуваат „за секој случај“, а тој случај ретко кога доаѓа. Наместо уредите да стојат неискористени, можно е да се направи многу повеќе: да се заштедат ресурси, да се намали електронскиот отпад и да се даде придонес за почиста животна средина.

Според истражување на дигиталното здружение Bitkom, граѓаните на Германија колективно чуваат околу 195 милиони стари мобилни телефони. Иако оваа бројка е нешто помала од рекордните 210 милиони во 2022 година, сè уште претставува голем потенцијал за рециклирање и повторна употреба.

„Во германските домови има вистинско богатство од суровини“, вели Бернхард Роледер, извршен директор на Bitkom. „Паметните телефони содржат злато, сребро и ретки метали кои можат повторно да се искористат – тоа се урбани рудници кои не треба да ги игнорираме.“

Истражувањето опфатило лица над 16 години, од кои 89% изјавиле дека имаат барем еден стар телефон, додека повеќе од половина (54%) чуваат три или повеќе. Причините најчесто се емоционална приврзаност или надеж дека уредот ќе се користи во итен случај.

Здружението Bitkom ги повикува граѓаните да ги предаваат старите уреди во рециклирачки центри, специјализирани продавници или производители што нудат програми за враќање. Сè поголем број компании нудат реставрирани уреди како реновирана ИТ опрема, што е сè популарна опција и за штедење пари и за заштита на околината.

Важно е, пред предавање на уредите, да се избришат сите податоци – од фотографии и контакти до лични апликации и информации.

Освен рециклирање, постои и друга можност – подарете ги! Некој можеби токму сега има потреба од телефон, лаптоп или таблет, и вашиот стар уред може да му биде повеќе од доволен.

Тагови

Поврзани вести