Македонија
Нема нови случаи на корона во Македонија, ќе се тестираат од 40 до 80 лица од дебарскиот регион
„Во овој момент се тестираат седум пациенти, три се лица од Дебар кои имаат симптоми. Двајца пациенти се тестираат преку Центарот за јавно здравје во Штип и двајца на Инфективната клиника. Овие четири пациенти изминатиот период патувале во Австрија или Германија“, изјави Филипче.
Состојбата со првата пациентка која е прв случај излекуван од коронавирус е стабилна и таа е пуштена на домашно лекување
„Нема новодијагностицирани случаи во изминатиот период. Испишана е првата пациентка во добра клиничка состојба. Сликата на белите доброви покажа дека нема големи последици, упатена на домашно лекување. Сите кои беа во контакт со неа беа тестирани, немаат симптоми и се здрави.“, рече Филипче.
Дополнително, во општините Дебар и Центар Жупа каде што е прогласена кризна состојба, рече министерот, ќе се прават дополнителни анализи и проверки.
„Станува збор за една форма на скрининг, согласно светски искуства, дури и на луѓе за кои не сме сигурни дека биле во контакт со заболени и за луѓе за кои се сомневаме. Ја прошируваме бројката на луѓе. Очекуваме денеска да стигнат помеѓу 40-50, дури и 80 луѓе се со цел детално да се скенира овој регион“, вели Филипче.
Во 19 часот Владата ќе одржи нова седница, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче на која работата на судовите и извозот на храна најверојатно ќе бидат дел од темите на кои ќе се одлучува на владина седница.