Македонија

Нелегална сеча на дрвја на Водно

Сторителот за сега е непознат. Обвинети нема, ќе покаже истрагата која ќе се отвори. Ќе се утврдува колкава дрвна маса е исечена. Дел од соседите велат дека забележале возила со регистарски таблички.

Инспектори  при вршење на вонреден инспекциски надзор, велат дека станува збор за исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост.

Денеска на Водно се забележани и други градежни дејствија. Станува збор за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на  градежните активности, а сопственикот е повикан и не се знае како ќе се договори со надлежната општина

Тагови

Поврзани вести