Македонија
Некои реки под просекот, други со двојно повисоки водостои
И покрај врнежите што ја зафатија земјава, нивоата на реките варираат. Некои се под просекот за јануари, а некои се дури и двојно зголемени.
Според денешните хидролошки мерења, се уште драстично намалени се Сатеска кај Ботун и Црна Река кај Новаци, додека покачувања бележат Струмица кај Ново Село и Сушево, Брегалница кај Берово, Пчиња кај Катлановска Бања и Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка.
Преспанското и Охридското езеро и натаму се под просекот.