Свет

Некогаш застарена шупа, денеска прекрасен дом

Претприемачот Роб Лонд Колк ја трансформирал старата шупа во доста луксузно опремена вила. Потрошил многу пари за реновирање, но кога ќе се погледне крајниот производ, вредело за секоја пара.
Некогаш застарена шупа, денеска прекрасен дом кој поседува четири спални соби, три соби за прием, најмодерна кујна, подно греење и балкон со фантастичен поглед, а тука е и кино сала.

Куќата се наоѓа во селото Голем Елингем во јужен Норфолк, Англија, а на Колк му биле потребни година и половина шупата, која служела за складирање храна за животни да ја претвори во она што е денес.
Кој сака да го купи овој луксузен дом, треба да знае дека со куќата одат и градина со површина од еден хектар, што значи дека ќе имаат сопственост во дел од руралниот Норфолк за кој треба да се води грижа.

Куќата се продава за нешто повеќе од 1,1 милиони евра. Навистина е скапа, но кој има пари да си ја дозволи, нема да зажали за вложените средства.
Експертот за недвижнини Каролин Куло рекла дека Роб Лонд Колк подеднакво е добар и како магионичар и претприемач.

– Зеде зграда која немаше ништо вредно освен локацијата и го создаде овој величенствен нов дом кој има фантастичен поглед од главната спална соба и балконот, рекла Куло.
Како што наведува и самата, цената е доста висока, но за вложените пари купувачот добива 4.000 квадратни метри луксуз, сместени на прекрасна локација, со воодушевувачки поглед.

Тагови

Поврзани вести