Македонија
Негативен природен прираст, помалку склучени, а повеќе разведени бракови
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1.0 % и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во последните десет години, се помалку двојки во Хрватска се одлучиле да стапат во брак. Според официјалната статистика минатата година склучени се 19.921 бракови, додека нивниот број во 2009
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14.7 % во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови.
Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 % во споредба со истиот период од 2023 година.