Клима

Невреме во Македонија, поплави во Тетово, Лозово, падна потпорен ѕид кај Пинтија

Падна потпорен ѕид во Пинтија, поплавени улици,дворови и подруми во Тетово, од град  уништени земјоделски поседи во Лозово и Пелагонија. Ова се последиците од силното невреме со пороен дожд  кое  ја зафати целата Македонија.

Околу 19 часот беше нормализиран сообраќајот во населбата Пинтија, откако попладнево падна потпорен ѕид и направи 30 метарско свлечиште на булеварот Борис Трајковски. За среќа нема повредени. Екипи на јавните претпијатија на Градот и општината Кисела Вода неколку часа го расчистуваа градежниот шут од  булеварот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави ревизија како е граден потпорниот ѕид, но и останатите слични градби во општината.

Ќе се изготви проект за санација и ќе се направи ревизија како е граден потпорниот ѕид. Ќе се испита целата состојба со оваа градба, но сведоци сме дека многупати се случувале и трагедии и ќе ги испитаме сите потпорни ѕидови на територијата на општината. Тие што ги изведувале овие активности, треба да одговараат, бидејќи народот плаќа а можело да има и жртви. Ние посериозно ќе се позанимаваме со ова прашање, рече Георгиевски.

Поројниот дожд ги поплави речиси сите улици во Тетово, а граѓани пријавија и поплавени дворови и подруми.Во дел од денот блокиран беше и зилезот од градот кон Скопје поради поплавен подвозник.  Во градот под Шара имаше и куси прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Попладнево заседаваше и општинскиот кризен штаб, бараат помош од Владата во справување со ситуацијата и надоместување на штетите, а Град Скопје да им помогне во чистење на улиците, долгорочно да се интервенира во атмосфеарската канализација и да се испита водата за пиење.

Од Центарот за управување со кризи велат дека за среќа нема повредени во денешното невреме.

Град пак со големина на орев синоќа предизвика значителни штети на земјоделските поседи во Лозово, а слични штети се пријавени и во Куманово и Пелагонискиот регион.

 

Невремето во Преспа ги оштети овошните насади

Невремето проследено со силен дожд и град ги оштети овошните насади во Преспа.

По извршениот увид на состојбите, градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски најави дека локалната самоуправа ќе формира општинска комисија за евдиентирање и проценка на настанатата штета, а со цел обесштетување на преспанските овоштари.

Тагови

Поврзани вести